Принцот Арчи не е воодушевен од приказната што му ја чита мама Меган (ВИДЕО)
Слатко
Арчи Харисон Монтбатен-Виндзор, синот на принцот Хари и Меган Маркл, наполни една година, па по тој повод, неговата мајка сподели видеоснимка на која се обидува да му прочита приказна на својот единец.
Бившата холивудска актерка бадијала се обидуваше да му го задржи вниманието на славеникот, кој очигледно не беше заинтересиран дали во приказната се раскажува за патка или за зајак… многу повеќе го привлекуваше вртењето на страниците. А како изгледаше сето тоа, погледнете сами:
Видео: Јутјуб
Фото: Getty Images