Премиера на малиот Исак: Моделката покажа како го дои новородениот син (ФОТО)

Бескрајно среќна

Најпознатата плус-сајз манекенка Ешли Греем пред 15-тина дена на свет го донесе своето прво дете, синот Исак. Новопечената мама не крие дека нејзиниот сопруг Џастин Ервин и таа се бескрајно среќни поради приновата и дека Ајзак е круна на нивниот деветгодишен брак.

 

Кога првпат го држев Ајзак, му реков на Џастин: ‘Сега сме семејство засекогаш’. Имам толку многу причини да бидам благодарна, целата љубов и поддршка од оваа неверојатна заедница, неверојатниот сопруг и прекрасното бебе кое ми ги отвори очите, покажувајќи ми колку е е неверојатен овој свет“, напиша Ешли во описот на семејната фотографија.

 

Детето го добило името Исак (Ајзак) бидејќи неговиот татко, Џастин, додека бил во средно рекол дека еден ден неговото дете ќе се вика така.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.