Подарокот со кој Кајли Џенер успеа да го „навлече“ гневот на јавноста (ВИДЕО)
Проблеми во „рајот“...
Најмладата милијардерка на светот Кајли Џенер (22) успеа да предизвика гнев и лутина кај добар дел од јавноста со божиќниот подарок за својата 1,5-годишна ќерка Сторми.
Имено, младата инфлуенсерка, верувале или не, на своејата единица и’ подарила дијаманстки прстен, кој гордо го покажала во кратка видеоснимка објавена на својот инстаграм-профил. По стартот на лавината од негативни и погрдни коментари на социјалните мрежи, Кајли побрзала да го отстрани спорното видео, но предоцна – тоа осамна на страницата на магазинот The Shade Room…
Kylie is so slow. She really got a one year old a diamond ring. The Kardashian/Jenner clan really go out their way to buy stupid expensive gifts 🤣
— Nae 🪐 (@piercehearts) December 26, 2019
Откако го погледнаа неколку милиони следбеници во светот, почна да се слева и реката од негативни коментари…
Знам дека луѓето работат за пари, но со тие пари можат да нахранат некого, да му платат медицински преглед или да засадат дрво“, „Кајли е толку глупава. Дали е можно на 1-годишно дете да му купила дијамантски прстен“, се само некои од нив, но има и такви кои застанаа во одбрана на ликот и делото на најмладиот член на популарниот клан Кардашијан-Џенер.
Фото: Инстаграм, Твитер