Откако ќе го прочитате ова писмо, ќе посакате најсилно да ја прегрнете вашата мајка: „Немој веќе да си го правиш ова!“

„Не ја гледам ни твојата тежина, брчки, ниту масна коса“

Ако некогаш се почувствувате несигурно поради својот изглед, мора да го прочитате ова прекрасно писмо до една мајка од детска перспектива

Драга мамо,

Повторно се гледаш во огледало, си го допираш стомакот што се тресе и ме засмејуваш. Толку си смешна, мамо! Но не се смееш. Се муртиш како кога ми ги сечеш ноктите. Знам! И јас ќе ти го фатам стомакот и ќе ти го затресам. Ах, сега се смееш!

Но, мамо, би сакала да можеше да го видиш она што јас го гледам. За мене си совршена. Мамо, дали си знаела дека никој друг не може да биде моја мајка освен тебе? Не би сакала ниту една друга мајка. Не, ти си единствена!

Ние сме една за друга. За мене си совршена. За мене си најдобрата мајка. И те молам, стиши го гласот во твојата глава, јас зборувам сега, не ти! Ти си совршена таква каква што си. Не постои никој што може да биде ти. Исто како што никој не може да биде како мене.

Разбираш? Не ги гледам твоите маани, те гледам само тебе. Не ги гледам твоите грешки, ја гледам само мојата мајка. Не ја гледам твојата тежина и масна коса, ја гледам само жената која ми даде живот и се труди да се чувствувам сигурно, сакано и среќно. Жена со црвенкав сјај во косата.

Прекрасна си. Мамо, кога сакам да се сликам со твојот мобилен телефон, а ти го криеш лицето, не сакам да го правиш тоа. Го обожавам твоето лице! Знам дека твоето лице е подобро од кое било друго. Го познавам твоето лице подобро од кој било друг. Ја знам секоја брчка и пегичка на твоето лице (имаш точки мамо, баш си среќна!) и јас ги обожавам. Твоето лице е најубаво од сите. Тоа е лицето во кое сум нурнала кога ме хранеше како бебе. Твојата насмевка ме хранеше повеќе од твоето хранливо млеко. Лицето со најмеки усни кои со бакнежи ги растеруваа сите мои грижи.

Лицето што го барав кога чекав во градинка и трчав кон него и во твоите раце полни со љубов. Лицето што го погледнувам кога барам потврда или само за да проверам дали тоа што сакам да го направам е добра или луда идеја. Лицето што го галев со поспана рака кога сакав да заспијам и кое го барав веднаш штом ќе се разбудам, бидејќи повторно си ме преместила во мојот кревет. Те молам, немој да го правиш тоа повеќе.

Твоето лице е поубаво од долгото опавче на мало пони. И мамо, тоа е најубавото пони! Не го гледам она што го гледаш ти.

Кога ќе се погледнеш во огледало, гледаш само стрии, брчки, несовршености. Кога јас ќе те погледнам, се’ што гледам е силна, способна жена која дава, љубезна е, полна со љубов, смешна и убава.

Но и уморна. Да, извини за тоа. За мене, никој не е поубав од мојата мајка. Ти си сакана. Кога се гледаш во огледало, се надевам дека се чувствуваш сакано, како што јас се чувствувам кога ме гледаш. Бидејќи навистина си. Толку силно, силно, силно, многу силно. Те сакам со сето свое срце.

Затоа, мамо, кога ќе се погледнеш во огледало, сакам да си замислиш дека јас сум огледалото. Би сакала да го видиш тоа што јас го гледам. Би сакала да се сакаш себеси како што те сакам јас. Бидејќи мамо за мене си совршена и многу си убава. Те сакам. Сакај ме.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.