Од родителите го наследиле само најдоброто: Вака денес изгледаат близнаците на Анџелина Џоли и Бред Пит

Ќе се вчудовидите колку си личат!

Сличноста со родителите е неверојатна

Кога Анџелина не зборува за важни прашања како што е родовата рамноправност или се фокусира на хуманитарната работа преку излетите и камповите и за бегалци, таа ги води своите деца на забавни филмски премиери, во паркови и посети на музеи.

Меѓутоа, овој пат, близнаците Вивиен и Нокс биле фотографирани без нејзино присуство, додека биле во посета во една продавница за миленици. Со нив имало неколку членови од обезбедувањето.

Неверојатно е тоа колку личат на своите славни родители. Близнаците го наследиле од нив само она најубавото!

Анџелина неодамна во едно интервју изјавила дека е многу горда на односот што го имаат меѓусебно и на тоа колкава поддршка си даваат еден на друг.

На прашањето како ја воспитува својата ќерка, Анџелина одговорила дека често и’ го повторува ова:

„Секогаш можеш да облечеш убав фустан, но не е важно што имаш однадвор ако умот не ти е силен. Нема ништо попривлечно од независна жена со сопствено мислење.“

ФОТО: Getty Images, Instagram

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време