Од неа го наследиле само најубавото: Вака изгледаат денес децата на Меган Фокс

Семејна идила

Фото: Getty Images

После многу време, Меган ги израдувала фановите со фотографија со децата

Иако не го прави тоа често, Меган Фокс на својот инстаграм-профил објавила фотографија со синовите.

Оваа згодна бринета ја чува својата интима од љубопитните очи и многу е старомодна по тоа прашање. Таа веќе девет години е во среќен брак со актерот Брајан Остин Грин со кого има три деца.

Деновиве, со сопругот и синовите уживала во Дизниленд, каде што и настанале фотографиите.

https://www.instagram.com/p/B3isQoSF6to/?utm_source=ig_embed

Во описот пишувало:

„Ноќта на вештерките секогаш е позабавна во Дизниленд, но дали може да имаме барем една фотографија на која сите гледаат во фотоапаратот?“

Таа со јавноста често споделува фотографии од својот сопруг, но децата ги држи подалеку од очите на медиумите. Последната фотографија на која се наоѓа со децата е објавена во ноември минатата година, па обожавателите се израдувале кога ја здогледале оваа слика на социјалните мрежи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.