Негувана од мали нозе: Еве каде Викторија Бекам ја одвела својата седумгодишна ќерка!

Деца на познатите!

Викторија ја однела Харпер на козметичарка и на фризер

Харпер Бекам има само седум години, а веќе оди на третмани за убавини.

Мајка ѝ Викторија ја однела кај една од најдобрите европски експертки за убавина и сето тоа го документирала на Инстаграм.

Харпер добила третман за лице од доктор Барбара Струм, чии производи ги користат славните дами како што се Гвинет Палтроу и Ким Кардашијан.

Покрај третман за убавина, Харпер добила и нова фризура. Фризерот ѝ ја скратил косата и ѝ направил кркми, а објаснил дека прави и француски боб.

Што мислите за овој потег на Викторија Бекам? Претерано ли е да се носат мали деца на козметички третмани?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.