Наташа Беквалац „тајно“ ѝ го честита роденденот на најстарата ќерка Хана (ФОТО)

Радосен ден во семејството Беквалац

Фото: Душан Петровиќ

Наташа Беквалац ги информира своите многубројни обожаватели дека деновите ги поминува во својот дом со своите ќерки, играјќи игрич, ичистејќи, готвејќи и дружејќи се со нив.

Таа воедно апелира до сите луѓе да останат дома и да носат заштитни маски и ракавици кога излегуваат надвор за да се спречи ширењето на заразата со КОВИД-19.

Во домашна атмосфера денес го слават и 13-от роденден на постарата ќерка Хана, кој поп-пејачката ѝ го честита на Инстаграм, објавувајќи заедничка фотографија.

На мојата прва, најголема љубов и радост денес ѝ е прекрасен ден – нејзиниот 13-ти роденден. Ми забрани да напишам што било по тој повод и ова го правам скришум. 13 години сум најгордата мајка на светот. Колку што ме изнамачи кога те раѓав толку ме усреќуваш и одмораш додека те одгледувам и крај тебе дишам секој ден. Се договоривме сите четири да се облечеме убаво вечерва, да зготвиме прекрасна вечера, да слушаме супермузика и да го прославиме нејзиниот прекрасен ден. Направив и торта. Се согласи, јеееее! Хана, мама те сака!“, порача Наташа во описот на објавената фотографија.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.