Наташа Беквалац се огласи со емотивна честитка до своите обожаватели (ФОТО)

За неа 2018 година беше една од најтешките досега

Наташа Беквалац ја остави зад себе 2018 година, која беше една од најтешките години во нејзиниот живот земајќи предвид дека само еден месец по раѓањето на втората ќерка Катја, беше брутално претепана од страна на својот се’ уште законски сопруг Лука Лазукиќ, со кого се суди, и со оптимизам и верба во љубовта и во семејството зачекори во новата 2019 година, надевајќи се дека ќе и’ донесе радост и среќа. Денес, поп-пејачката им го честита Бадник на своите обожаватели со прекрасна фотографија на која позира со својата постара ќерка Хана.

Љубовта нека биде единствениот јазик на кој зборуваме засекогаш, единствениот јазик што го разбираме. Сакајте го и чувајте го своето семејство, да се чуваме и сакаме едни со други. Среќен Бадник“, порача пејачката во описот на објавената фотографија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.