Наташа Беквалац: „Децата не се воспитуваат со тоа што ги тераме да нè слушаат“
Необичен пристап кон родителството
Наташа Беквалац на прагот на јубилејниот 40-ти роденден со задоволство се потсетува на годините зад себе. Има постигнат многу, но за свој најголем успех ги смета ќерките Хана и Катја. За нив е подготвена да направи буквално се’, а идејќи сама ги воспитува и одгледува, нејзината одговорност како родител е уште поголема.
Родителството само по себе е најголем предизвик, колку и да имаме искуство, никогаш не сме научени да бидеме совршен родител. Затоа никој од нас и не е. Бидејќи не постои рецепт, јас своите деца само безусловно ги сакам и живеам за нив двете во љубов и слобода. Ако за време на животот гледаат само љубов, нежност и разбирање, тогаш можат да израснат во среќни девојки и млади жени“, вели Наташа за „Блиц, истакнувајќи дека таа учи од ќерките.
Од двете ќерки секојдневно учам, и тоа на секоја тема што можете да ја замислите. Мислам дека со постарата ќерка имам убав и длабок однос, па токму затоа сум сигурна дека постојат теми за кои не зборува со мене, туку со другарките, тетките и братучетките. Тоа е нормално и не е поразително за мене“, истакнува Наташа.
Фото: Инстаграм, Душан Петровиќ