Најслатките изданија на малата бунтовна принцеза: Шарлот ги наследила убавината и шармот од мајка ѝ, а карактерот од чичко ѝ!

Преслатката Шарлот Виндзор

Средното дете на британскиот кралски пар е сѐ освен класична принцеза

Средното дете на британскиот престолонаследник и неговата сопруга Кејт, плени со шармот и харизмата, но и со своеглавоста.

https://www.instagram.com/p/CB8fk8MJ2-w/?utm_source=ig_embed

Кејт Мидлтон и принц Вилијам се родители на три деца: две момчиња, Џорџ и Луис и преслаткото девојче Шарлот (5), која е средното од трите деца на војводата и војвотката од Кембриџ.

https://www.instagram.com/p/CBingdjJ-Ka/?utm_source=ig_embed

Момчињата, барем судејќи според сликите, а и зборовите на родителите, се полесни за воспитување од нивната миленичка, за која на прв поглед се гледа дека покрај шарм, поседува и силен карактер, па веројатно кога нешто ќе зацрта, тоа мора и да го оствари.

https://www.instagram.com/p/CBYrLSYpdgp/?utm_source=ig_embed

Малата Шарлот досега убедливо собрала најголемо медиумско внимание од сите три деца на кралскиот пар.

И тоа не е случајно!

https://www.instagram.com/p/CAvspmbp2YV/?utm_source=ig_embed

Имено, малата принцеза плени на фотографиите кога му позира на официјалниот кралски фотограф, но и кога намуртена се крие зад здолништето на мајка ѝ и гледа во објективот кој ја зумира, како да сака да каже „остави ме на мира“.

https://www.instagram.com/p/CAiSwN6JPni/?utm_source=ig_embed

Особено слатко е тоа што Шарлот, покрај двајца браќа, научила како да се избори за внимание и учествува во сите детски игри со постариот брат Џорџ.

https://www.instagram.com/p/B_7bryeCVSz/?utm_source=ig_embed

Шарлот е активна, весела и ужива во играта, но еднакво сака и се бори за својот дел од вниманието на честопати зафатените родители.

https://www.instagram.com/p/CAOLO6wJ1_j/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B_rczOZJ3LF/?utm_source=ig_embed

Исто така, бесценети се нејзините слики од венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, каде што облечена како самовила негодува што мора да биде токму тука каде што ѝ наредила мајка ѝ.

https://www.instagram.com/p/B8Ws8ubiuL-/?utm_source=ig_embed

Може да се заклучи дека малата Шарлот е харизматично, бистро и убаво девојче, кое изгледа дека го наследила бунтовниот карактер на својот чичко Хари, кој во детството бил многу сличен на неа, а не се сменил многу ни до денешен ден.

https://www.instagram.com/p/B_rp_laCZyh/?utm_source=ig_embed

Тоа за Кејт и Вилијам значи дека Шарлот нема туку-така и без „борба“ да ги почитува сите прописи што ги налага кралскиот протокол и неговите строги правила. Исто како и нејзиниот чичко…

Принц Вилијам го открил прекарот за принцезата Шарлот: Неодоливо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.