Меган Маркл споделила нова фотографија од бебето: „Мајка ми беше мојот прв дом!“
Преслатко!
Меган Маркл го прославила Денот на мајките и ги воодушевила фановите со новата фотографија
Меган Маркл и Принц Хари објавиле нова фотографија од бебето Арчи на Инстаграм на која се гледаат неговите стапала што ги држи Меган.
Во позадина се гледа цвеќето-споменик или „не заборавај ме“ што било омиленото цвеќе на покојната принцеза Дијана.
„Денес им оддаваме почест на сите мајки – на оние кои наскоро ќе станат мајки и на оние што сме ги изгубиле, но на кои секогаш ќе се сеќаваме.
Ја славиме и ја почитуваме секоја од вас“, напишала Меган под фотографијата.
https://www.instagram.com/p/BxXS3l4pz2j/?utm_source=ig_embed
Таа додала и цитат од поетесата Вохид.
„Мојата мајка беше мојот прв дом – првото место каде што сум живеела!“