Меган Фокс откри дека нејзиниот најстар син сака да носи фустани: „Имам дете што страда“

„Иако детето ми е многу храбро, сепак ми е тешко како мајка“, вели холивудската актерка.

Во интервјуто за „Glamour UK“, Меган Фокс зборува за страдањата на нејзиниот најстар син Ноа на училиште.

Имам дете што страда, така што многу се грижам за него. Иако детето ми е многу храбро, сепак ми е тешко како мајка“ – изјави Меган Фокс.

Фокс, која претходно зборуваше за желбата на Ноа да носи фустани, вели дека нејзиниот син „почнал да носи фустани кога имал околу две години“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Набргу потоа, актерката откри дека „купила еден куп книги кои се занимавале со тоа“, вклучувајќи ги и оние напишани од трансродови деца.

Некои од книгите велат дека можеш да бидеш момче и да носиш фустан. Можете да се изразите преку вашата облека како што сакате. Тоа дури и не мора да има врска со вашата сексуалност“ – истакна таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Популарната актерка објаснува дека ги научила децата дека е во ред да се биде поинаков.

Не можам да го контролирам начинот на кој другите луѓе реагираат на моите деца. Не можам да ги контролирам работите кои другите деца со кои одат на училиште ги научиле од своите родители. Тоа е причината што всушност не објавувам видеа од моите деца на Инстаграм или на социјалните мрежи“ – објасни таа.

Меган признава дека често патува, па поради работа е принудена да ги остави децата дома.

Посакувам да можам да ги земам со себе, тоа би ги олеснило работите. Тешко ми е, не само поради притисоците на општеството, туку и поради тоа што сум одвоена од нив. Тие се мојата ДНК“ – истакна таа.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.