МАРИЈА ШАРАПОВА го покажа синот: Познатата тенисерка се породи тајно, а сега објави фотографија од МАЛИОТ ТЕОДОР и ги воодушеви сите со својата љубов и слаткост

Познатата тенисерка денеска на својот инстаграм-профил, каде што ја следат 4,4 милиони луѓе, објави фотографија на која е со синот Теодор, која предизвика лавина прекрасни емоции.

„Моето срце“, напиша Марија Шарапова покрај фотографијата. Познатата спортистка се породи во јули оваа година, а веста за новото бебе ја објави две недели по породувањето. Сакаше да го зачува прекрасниот настан за себе и за своето семејство за некое време, што е разбирливо.

Шарапова тогаш објави и слика од малиот син, а сега повторно го претстави момчето обидувајќи се да не открива премногу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)

Има многу убави слики од тенисерката, оваа дефинитивно е меѓу најубавите. Да потсетиме, Шарапова е во врска со британскиот бизнисмен Александар Гилкс од 2018 година, со кого се сврши во декември 2020 година. Во април 2022 година, парот објави дека го очекува своето прво дете.

Инаку, поранешната тенисерка се фотографираше со синот пред да се упати на ревијата на „Александар Меквин“, која се одржа пред два дена во Лондон. Таа ја покажа моќта на својот стил благодарение на кој беше и најдобро облечената спортистка на светот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.