Кога Ким Кардашијан му слави роденден на својот син, тоа изгледа вака (ФОТО+ВИДЕО)

Детски роденден што сите би го посакале

Овој декември, малечкиот Сент Вест наполни четири години, па од родителите – Ким Кардашијан и Канје Вест – доби роденденска забава што дефинитивно ќе ја памети целиот живот.

Земајќи предвид дека момченцето е „лудо“ по диносауруси, мама и тато го осмислија „Паркот Јура“  за својот син.

Немам зборови да ти опишам колку ги сакам твоите кадрици и насмевката! Ми ја полниш душата со радост! Толку си добар, преполн со љубов, внимателен и сладок! Пресреќна сум што полниш четири години, а јас со радост славам колку си пораснал. Среќен роденден сладок мој Сенти“, порача разнежнетата Ким во описот на фотографијата на Сент, која ја објави на Инстаграм.

Во паркот децата можеа да копаат, истражуваат, да бараат коски од диносауруси во песокот, камењето…

 

Освен тоа, сите слатки за роденденската прослава беа тематски, па на трпезата се најдоа малецки јајца од диносауруси, колачиња и торта токму такви какви што би посакале…
Децата можеа да се забавуваат и на креативен начин, правејќи фигури и накит, а притоа и да грицкаат грицки во облик на дијаманти и скапоцени каменчиња.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.