Ќерката на Моника Белучи блеснала на насловната страница на престижен магазин: Го воодушевила модниот свет со својата убавина!

Дева Касел

Ќерката на актерскиот пар полека, но сигурно, постигнува успеси во светот на моделството

Дева Касел (16), ќерка на Моника Белучи (56) и Винсен Касел (54) се појавила на насловната страница на француското издание на престижниот моден магазин Elle, а славната италијанска актерка не скрила колку е горда како мајка и ја објавила на Инстаграм.

Убавата Дева веќе се има фотографирано за насловна страница на престижен моден магазин, чие издание веќе го красела во октомври 2020 година.

Моника ја споделила фотографијата од насловната, која собрала речиси 100.000 лајкови.

На Дева многумина ѝ предвидуваат голема кариера во светот на моделството и велат дека ја очекува светла иднина, најмногу поради убавината и цртите на лицето кои ги наследила од својата мајка, а која важи за една од најубавите жени на светот.

Некогашниот пар Моника и Винсан од бракот, покрај Дева, ја имаат и помалата ќерка Леона.

Иако одамна не се во брак, со заеднички сили ги воспитуваат своите наследнички.

Има само 15 години а веќе го освојува модниот свет: Ќерката на Моника Белучи е вистинска убавица!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.