Ќерката на Дејвид Боуви има 19 години и е вистинска убавица: Еве зошто мајка ѝ ја чува од очите на јавноста!

Уметница

Лекси смета дека мајка ѝ премногу ја чува од јавноста, но Иман е одлучна

Ќерката на Дејвид Боуви и на супермоделот Иман денес има 19 години и пораснала во вистинска убавица. Со своето пегаво лице, Лекси Џонс (што е всушност вистинското презиме на Боуви), мораме да кажеме дека не личи премногу ни на мајката ни на таткото.

Иако е дете на двајца многу славни родители, еден од најголемите музичари на минатиот век и модел со светска слава, Лекси не растела под светлата на рефлекторите. Нејзините родители по секоја цена сакале да го одбегнат тоа.

https://www.instagram.com/p/Bwr3eJMBqpP/?utm_source=ig_embed

Лекси, со целосно име Александрија Захара Џонс, која живее во Лос Анџелес и се обидува да се пробие како уметница, на својот инстаграм-профил напишала дека не ја видела мајка ѝ Иман шест месеца и дека ѝ недостига.

„Имам 19 години, но сѐ уште сум дете и ми недостига мама!“

https://www.instagram.com/p/CABFGolh7sg/?utm_source=ig_embed

Таа и Иман не се виделе толку долго поради пандемијата на коронавирус која се проширила и во Америка. Додека Иман живее во Њујорк, каде што е нивниот дом, Лекси заглавила во Калифорнија.

Инаку, Лекси не е експонирана во јавноста. Целото семејство и пред смртта на музичарот живеело повлечен живот. Боуви и Иман се венчале со мала и затворена церемонија во Швајцарија во 1992 година и останале во брак до 2016 година, кога тој починал од рак на црниот дроб. Иман станала маќеа на Данкан Џонс, неговиот син кого го добил со првата сопруга Енџи, а Лекси е нивното единствено заедничко дете.

https://www.instagram.com/p/B-LbjEchf8e/?utm_source=ig_embed

Иман уште одамна раскажала дека не сака ќерка ѝ да тргне по нејзини стапки во светот на моделството и да стане дете-ѕвезда поради славните родители. Во едно интервју пред неколку години, денес 64-годишната манекенка раскажала:

„Секоја агенција, секој дизајнер, ми се јави да ми каже: ’ако сака, со задоволство би сакале да биде наш модел’. Одговарав со: ’не, не сака’. Знаев зошто сите сакаат да ја ангажираат – затоа што е ќерка на Дејвид Боуви.

„Мислеше дека премногу ја штитам, но ѝ кажав дека сето тоа може да почека. Ништо нема да ѝ побегне. Имај свој живот додека можеш, еден ден сигурно ќе биде јавен, затоа уживај сега.“

Крушата под круша паѓа: Славната мајка и ќерка заедно на плажа (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.