Џенифер Лопез: „Децата не го прават она што им го велиш, туку она што го правиш ти!“

Всушност, каква мајка е Џеј Ло?

Изгледа дека за Џенифер Лопез мајчинството е навистина лесно. Познатата пејачка има две деца – 11-годишните близнаци Ема и Макс – и одлично се снаоѓа со нив.

Еве што вели славната актерка и пејачка за мајчинството:

Децата ѝ се секогаш на прво место

Ја сакам мојата работа. Ги сакам моите деца и тие се секогаш на прво место. Сè друго паѓа во втор план.“

Мајчинството ѝ разјаснило многу работи

Во говорот кога ја прифаќаше наградата на „Ем-ти-ви“, славната пејачка и актерка изјави дека благодарение на безусловната љубов на своите деца, многу работи ѝ станале појасни.

 

 

View this post on Instagram

 

Break from rehearsal for homework and snuggle time… 🤍

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Не сака да ѝ даваат совети

Џеј Ло, како и повеќето мајки, не сакала да ги слуша овие совети и сакала сама да открие што и како треба да прави. Сè додека нејзините деца се здрави и среќни, не ѝ требаат туѓите совети.

Морала да стане строга

По природа не сум строга. А со моите деца сум уште понежна.“

Никој не сака да биде строг со децата, но и Џенифер сфатила дека одвреме-навреме мора да ги научи на дисциплина.

interesni-raboti-shto-j-lo-gi-ima-spodeleno-za-majchinstvoto-03.jpg

Децата го следат нејзиниот пример

Научив нешто за децата – не го прават тоа што им велиш; го прават она што го правиш ти“, изјави Џенифер во 2013-та.

Мајчинството создава огромен притисок

Мајките се целосно одговорни за животот на своите деца, а со ова доаѓа и голем стрес. Познатата пејачка има цел куп помошници, и сѐ уште тврди дека стресот може да биде преголем.

Горда е на себе и на Марк

Во интервју за „Вог“, Џеј Ло прозборе за врската со Марк Ентони по разводот и заедничката грижа за нивните деца:

Сè уште сме пријатели и родители. Но ќе биде потребно време. Тешко е. Но, главно, горда сум на начинот на кој се справуваме. Го правиме најдоброто за нашите деца.“

interesni-raboti-shto-j-lo-gi-ima-spodeleno-za-majchinstvoto-08.jpg

Мајките мораат да се грижат за себе

Слушајте, стареам, како и секоја мајка во светот. Мора да најдете рамнотежа меѓу децата и работењето и грижата за себе. Не е лесно.“

 

Не сака нејзините деца да станат ѕвезди уште во детството

Повеќето познати не сакаат нивните деца да станат ѕвезди во детството, бидејќи добро знаат како е.

Џеј Ло ќе ги поддржува децата доколку сакаат да бидат ѕвезди, но најпрво сака да им овозможи нормално детство.

Но којзнае колку „нормално“ може да ви биде детството кога мајка ви е Џенифер Лопез.

Никогаш не помислувала дека ќе биде мајка

Немав деца до 40-та година од животот и мислев дека тоа никогаш нема да ми се случи, па свесна сум дека сум благословена“, изјави пејачката во едно интервју.

Мајките треба да бидат самостојни

Џеј Ло е одличен пример за жена која нашла рамнотежа помеѓу мајчинството и работата. Притоа, таа се залага за правата на модерните жени. Џеј Ло тврди дека животот не завршува откако ќе станете мајка:

Да бидете добра мајка или добар родител или добра жена во овој свет, мора прво да бидете самостојни и свои. Знаете на што мислам и тоа е многу моќно.“

Извор: crnobelo.mk

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.