Јелена Карлеуша обелодени страница од дневникот на ќерка си: Ова дефинитивно ќе ја налути Ника! (ФОТО)

Мудрица

Јелена Карлеуша секогаш истакнува дека нејзината помлада ќерка Ника, уште од мала, е посебно дете, кое се интересира за спорт и наука, сите ѝ се петки и не е многу воодушевена кога треба да се слика за весниците.

А колку е мудра и зрела за својата возраст окажува објавата на популарната пејачка на Инстаграм. Имено, гордата мајка објави страница од дневникот на својата галеница, која посебно ја воодушевила.

Само да знаете, никој не е совршен, особено луѓето што те оставаат и што никогаш не би ти направиле нешто добро… Таков е животот… Сеедно, сето ова ќе помине и сите ќе одиме на распуст и на море. Малку да се релаксираме од овбрските и маките“, е пораката на Ника, запишана во нејзините детски дневник.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.