Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ го прославија најсреќниот ден во годината
Се огласија на Инстаграм
Јелена Карлеуша вчера го прослави најсреќниот ден во годината – роденденот на своите ќерки Атина и Ника, кои наполнија 11 и 10 години.
Двете девојчиња се родени на ист ден, во растојание од една година, а гордата мајка на својот инстаграм-профил објави фотографија од нив кога биле малечки, посакувајќи им среќен роденден.
Среќен роденден девојчиња! Мама ве сака најмногу на светот! Гордост мајкина“, напиша поп-пејачката.
По тој повод на Инстаграм се огласи и популарниот фудбалер Душко Тошиќ, кој им го честита роденденот на своите ќеркички.
Среќен роденден мои убавици!“.