Ирина Шајк се вози во количката на својата ќерка Леа (ФОТО)

Кога мајката и ќерката ќе ги заменат улогите...

Ирина Шајк поминува квалитетно време со својата ќеркичка Леа (3) придржувајќи се до препораките за заштита на јавното здравје од коронавирусот. Мајката и ќерката прошетаа низ улиците на Њујорк со црни заштитни маски од марката LA Made и ги нахранија гладните гулапчиња.

За прошетката, 34-годишната руска манекенка избра модерен тренч-мантил, беж тренерки и црни гумени чизми, а стајлингот го заокружи со модерни црни очила за сонце.

Во почеток, Леа се возеше во својата количка, која ја туркаше нејзината популарна мајка, но во еден момент посака таа да ја вози мајка си, што Ирина и’ го овозможи.

Судејќи по насмевките на нивните лица, оваа прошетка дефинитивно им годеше на двете дами.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.