Има само две години, а мајка ѝ ја облекува во брендирана гардероба: Опсипана со луксуз од раѓање!

Луксуз од раѓање

Профилот на ова девојче има повеќе од 12.000 следбеници, а мајка ѝ секојдневно покажува дека не сака да штеди кога станува збор за гардеробата на нејзината наследничка

Двегодишната Анита Феликс од Калифорнија стана мала ѕвезда на Инстаграм, бидејќи мајка ѝ Стела (27) ја облекува во брендирана гардероба, која чини околу 20.000 долари.

Плакарот на малото девојче е сочинет од 95 отсто скапи модни парчиња, меѓу кои се и модните брендови „Гучи“, „Версаче“ и „Живанши“.

Стела секојдневно ги споделува модните комбинации на нејзината наследничка и миговите на луксузен живот.

„Веднаш штом се роди Анита, почнав да ја облекувам во дизајнерска облека и својот профил го претворив во нејзин. Знам дека многу родители не можат да си дозволат ваква облека за нивните деца и сакам да ѝ го обезбедам само најдоброто“, изјавила Стела.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време