Има само 15 години а веќе го освојува модниот свет: Ќерката на Моника Белучи е вистинска убавица!

Каква мајка-таква ќерка

Најстарата ќерка на италијанската актерка и моделка, тргнала по стапките на мајка си

Рекламата што ја снимила минатата година за познат италијански бренд конечно излегла, а ова 15-годишно девојче собрало бројни позитивни коментари за својот талент и убавина, што ја наследила од мајка ѝ.

Дева Касел, ќерката на италијанската актерка Моника Белучи и актерот Винсент Касел, има само 15 години, а веќе ѝ предвидуваат успешна кариера. Секоја година таа сѐ повеќе личи на мајка ѝ, која безброј пати досега е прогласувана за една од најубавите жени на светот.

Во рекламата за новиот мирис Shine, убавата Дева одлично се снашла во улога на модел, па блеска облечена во разигран бел фустан.

https://www.instagram.com/p/CBVLZNzHpP2/?utm_source=ig_embed

Првиот проект за Dolce&Gabbana го снимила уште минатата година, но резултатот е видлив дури сега. Убавината на Дева, но и талентот за позирање се очигледни, а многумина не можат да поверуваат колку личи на мајка си.

Инаку, покрај Дева, Моника има уште една ќерка, десетгодишната Леони, а тогашниот сопруг Винсент Касел го запознала во 1996 година на снимањето на филмот The Apartment. Се венчале во 1999 година, а во 2004 година се родила Дева, па во 2010 и Леони. Сепак, нивната љубов не потрајала, па се развеле во август 2013 година.

Моника неколку години по разводот нашла нова љубов, францускиот уметник и сценограф Николас Лефебре, со кого првпат се појавила во јавност на ревија на „Шанел“ во 2019 година, иако се заедно уште од 2017.

„Копија“ на Моника Белучи: Дева Касел го освојува модниот свет (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.