Фотографија од среќните денови: Еве како изгледал животот Брена и Боба пред постариот син Стефан да го прекине контактот со нив (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Фотографијата на Стефан Живојиновиќ снимена кога тој би мало момче ги растопи и најтврдите срца. Една од најголемите ѕвезди во регионот, Лепа Брена, веќе неколку децении е во хармоничен брак со сопругот Слободан Живојиновиќ, со кого има два сина – Стефан и Виктор.

Она што ѝ е познато на јавноста е дека Стефан Живојиновиќ одлучи целосно да се повлече од јавниот живот, а за него сега малку се знае. Сепак, она што е сигурно и надалеку познато е колку постариот син на Лепа Брена е приврзан за родителите, а за тоа сведочи една фотографија која неодамна ја здогледа светлината на денот.

Имено, фотографијата на Стефан Живојиновиќ кога бил само мало момче ги освои симпатиите на сите љубители на ликот и делото на Брена, бидејќи осамна на страница на Инстаграм направена во чест на пејачката.

Живојиновиќи насмеани и собрани позираат, додека малиот Стефан миррно седи во скутот на мајка си. Инаку, сите забележаа дека како дете имал златна коса и дека е многу забележлив на фотографијата, но и дека многу личи на својата популарна мајка.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.