Емина Јаховиќ објави емотивно видео (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Емина Јаховиќ на Инстаграм објави прекрасен и емотивен момент – како со синот Јавуз чита книга. Тие нежни мигови имаат посебна важност токму поради книгата што популарната пејачка ја држи во раката…

Таткото на Емина, кардио-торакалниот хирург Нусрет Јаховиќ, почина кога таа беше мала и не доживеа да ги запознае внуците, но Емина ја зачува книгата што татко ѝ ѝ ја купил во детството, и сега ја чита со Јавус исто како што на времето ја читала со татка си.

Татко ми ми ја купи оваа книга кога имав 10 години, а само една година подоцна замина засекогаш. Оттогаш ја чувам и ја носам со себе секаде каде што живеам. Денес ја чита мојот помал син Јавуз и многу му се допаѓа. Иако немаше можност да го запознае својот дедо, на овој начин тој сепак дели нешто со него. Оваа малечка книга денес нè направи многу среќни. Ти благодсарам тато, знам дека засекогаш ќе бидеш со нас“, напиша Емина во описот на своето емотивно видео.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.