АДРИЈАНА ЛИМА СЕ ОГЛАСИ ПО ПОРОДУВАЊЕТО: „Поради доењето и менувањето пелени не можам да им одговорам на сите…“
Адријана Лима објави специјална порака на Инстаграм, прва по радосната вест за раѓањето на нејзиниот син Сајан.
Андре и јас бевме преплавени од желбите и пораките што ги добивме од пријателите и семејствата! Хранењето на бебето и честото менување пелени сега ме спречува да им одговорам на сите! Ви благодариме и многу ве сакаме!“, напиша Адријана Лима, додавајќи емотикони со кои ги одбележа членовите на своето семејство – гордиот тато Андреа Ламерс, нејзините ќерки Сиена и Валентина, миленичињата и самата себе.
Славната Бразилка се породи на 29 август, а веста ја објави на Инстаграм, откривајќи дека нејзиниот син се вика Сајан. Момчето личи на мајка си, па од неа ги наследило бојата на очите.
Поврзани објави
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм
Коментарите се заклучени.