7 познати мајки кои не ја разубавуваат реалноста на социјалните мрежи: Ги покажуваат сите лица на мајчинството!

ВИП мајки

ФОТО: Profimedia

Овие славни мајки не се плашат да покажат дека понекогаш се уморни, безволни, извалкани со детска храна и без шминка

Постојат мајки од светот на филмот и модата што одлучиле дека нема потреба на социјалните мрежи да ја разубавуваат реалноста, особено кога таа реалност се однесува на мајчинството.

Овие славни мајки не се плашат да покажат дека понекогаш се уморни, безволни, извалкани со детска храна и без шминка.

Оливија Вајлд

https://www.instagram.com/p/BQf1j8XDac9/?utm_source=ig_embed

Ѕвездата од серијата „Доктор Хаус“ има две деца: синот Отис Александар и ќерката Дејзи Џозефин. На Инстаграм покажала како најчесто изгледа по ден поминат со нив, а под фотографијата напишала:

https://www.instagram.com/p/893WmSMhqD/?utm_source=ig_embed

„Оваа фризура се вика ‘Нека ти остане детето живо’, а производите што се потребни за неа е: пот, сирење, крем за осип од пелени, соџвакани боички, ентузијастичен дух на паника“.

Пинк

https://www.instagram.com/p/BWonpJ8lzgn/?utm_source=ig_embed

Пејачката има две деца. По второто породување имала 73 килограми на 160 сантиметри висина, но открила дека не чувствува потреба да ослаби, бидејќи се засакала себеси и не ја интересираат современите стандарди за убавина.

Дру Баримор

https://www.instagram.com/p/BRjYLmMhE4_/?utm_source=ig_embed

Актерката има две деца и често ги поттикнува жените да бидат такви какви што се и да уживаат во децата, наместо да тежнеат кон тоа да бидат совршени.

„Живееме во општество каде што е нормално да и’ кажете на жена дека изгледа супер само две недели по породувањето. Не сакам да бидам дел од тоа. Никогаш не се вртеле по мене на плажа бидејќи немам такво тело. Само сакам да се чувствувам добро во него“, напишала.

Криси Тајген

https://www.instagram.com/p/BjBoHHQH6ox/?utm_source=ig_embed

Криси и нејзиниот сопруг Џон Леџенд минатата година по вторпат станале родители. Манекенката ужива во мајчинството и не гледа причина да ги обработува фотографиите кои и вака се совршени.

Рис Витерспун

„Како излегувам на крај со работа и три деца? Вака!“, напишала Рис.

Алиша Милано

https://www.instagram.com/p/BuSfTC2guTN/?utm_source=ig_embed

Алиша има две деца, Мајло има 8, а Елизабета има 5 години. Актерката во 2009 година имала спонтан абортус за кој проговорела јавно, а подоцна ги објавила и деталите за постпородилната депресија со која се борела по раѓањето на синот.

Џесика Алба

https://www.instagram.com/p/BemGoIBhMzL/?utm_source=ig_embed

Џесика има три деца, ќерки на 11 и 8 години и двегодишен син.

„Првпат сфаќаш дека си мајка кога ќе ти стане јасно дека никогаш веќе во животот нема добро да се наспиеш“, напишала Алба.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.