10 нешта кои мајките никогаш нема да ги признаат

Секоја мајка на светов е пример за целосна посветеност, сочувство и безрезервна љубов. Мајчинството често го занемарува секое логично разбирање и објаснување, едноставно не може да се разбере ако не биде почувствувано

Твојата мајка најверојатно никогаш не ти ги кажала сите оние нешта, кои што денес ќе ги научиш. Таа нема и да ги признае никогаш, бидејќи срцето на мајката е премногу големо и добро за да ги признае тешкотиите што ги доживело.

Си ја натерал/а неколку пати да плаче… многу. Таа плачела кога дознала дека е бремена. Плачела додека те раѓала и кога за првпат и беше во рацете. Плачела за среќа, за тага, плачела зашто се грижела. Плачела за сите твои проблеми и успеси.

Таа го сакала она последно парче од тортата. Но кога те видела како го гледаш со твоите големи очи и се облизнуваш така слатко, проценила дека ќе бидеш многу посреќен/на ако ти го изедеш.

– Ја болело. Ја болело кога и ја кубеше косата, кога ја гребеше со ноктите, кога ја клоцаше додека беше во нејзиниот стомак. ја болело многу додека ти помогаше да се појавиш на овој свет.

– Секогаш се плашела. Таа постојано се плашела за тебе, уште од моментот кога знаела дека ќе те има. Срцето и пукало при секој твој чекор. Седела доцна во ноќта и те чекала да се вратиш дома од шетањето со твоите пријатели. Таа е спремна на се, за да биде сигурна дека си во ред.

– Таа знае дека не е совршена. Таа самата е нејзината најлоша критика. Ги знае сите нејзини недостатоци и понекогаш се мрази заради тоа, но сепак се обидува да го даде најдобро од себе. Понекогаш сака со цело срце да го врати времето и да ги исправи сите грешки што ги направила за тебе.

– Те чувала додека спиеше. Имаше ноќи во кои таа била будна до 3 часот, молејќи се да заспиеш. Едвај ги задржувала отворени очите додека те држела во рацете и ти пеела приспивни песни. И кога конечно ќе заспиеш, легнувала тивко до тебе и го набљудувала твоето прекрасно лице.

– Те носела многу повеќе од 9 месеци. Си имал/а потреба од нејзе и таа ти помагала. Те држела и за време на прошетките на отворено кога се обидувала да те нахрани. И во раце те држела додека спиеше, додека се смееше и правеше бељи. Се чувствуваше безбедно и сакано во рацете, па не сакала тоа да го пропуштиш.

Срцето и се кинело кога си плачел/а. За неа нема поголем тажен звук од твојот плач и нема ништо по ужасно од солзите што течат по твоите образи. Таа правеше с?, со сите свои сили за да не плачеш и да бидеш среќен/а.

– Таа секогаш те ставала на прво место. Таа не спиела или не јадела заради тебе. Немала време да се истушира. Ги поминувала сите денови задоволувајќи ги само твоите потреби, грижејки се само за тебе. И следниот ден го правела повторно истото и истото.

– Таа и повторно би го правела истото. Да ??бидеш мајка е најтешката професија во светот и го бара целото внимание и посветеност за кое сте способни. Плачеш, те боли, грешиш и учиш. Но исто така ја доживуваш целата радост на земјата, зашто нема ништо подобро од тоа да имаш две очиња покрај себе кои те гледаат со толкава голема љубов.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.