Сара Мејс за мајчинството: „Илина е моја најдобра другарка!“

Таа е нејзина најголема љубов

Фото: Инстаграм

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски веќе извесен период уживаат во улогата на родители, а нивна нова најдобра другарка е ќерката Илина за која во повеќе наврати до сега имаат потенцирано дека во целост им го променила животот. Ова го потврди Сара и со последната фотографија која ја објави на Инстаграм каде позира во друштво на својата наследничка, а неодамна во интервју за „Гламур“ истакна дека таа и Димитар исклучиво се задолжени за нејзиното чување затоа што не сакаат да пропуштат ниту еден момент од нејзиното растење.

Фото: Инстаграм

Најмногу си ја чуваме јас и Димитар па така не пропушатме ниту еден нов момент од нејзиното созревање. Тука се и нашите родители, братучетка ми или прабаба и’, така што, од сите страни е во добри раце,  а дали сум сменета? Па, не знам…. мислам дека да, но позитивно… Открив нова димензија љубов – Илина,  рече Сара.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.