Првата средба со биолошкиот татко: Хајди Клум 14 години ја криела ќерката од поранешниот дечко, па решила да ги запознае

Трогателна прегратка!

Не е познато дали до средбата дошло поради некоја посебна прилика или, пак, таткото на Лени отсега планира почесто да ја гледа ќерка си

Најстарата ќерка на Хајди Клум, Лени (14), не растела со нејзиниот биолошки татко Флавио Бријаторе и никогаш не го запознала, но изгледа дека нештата се промениле по нивната средба во Италија.

Манекенката и италијанскиот бизнисмен раскинале во 2004 година пред да се роди Лени, па така таа растела со поранешниот сопруг на Хајди, Сил, кој дури и ја посвоил ќерката на Флавио.

Хајди била со родителите, трите деца и поранешниот сопруг во еден хотел, а Бријаторе им се придружил подоцна. Лени не ја скрила возбудата и долго се гушкала со бизнисменот за време на средбата. Иако манекенката не криела дека нејзината ќерка и биолошкиот татко немаат никаков однос, изгледа дека нешто се променило во меѓувреме.

Како што пренесуваат медиумите, Хајди била таму со целото семејство, вклучувајќи ги и родителите и трите деца што ги има со Сил. Сите се забавувале и биле среќни. Флавио им се придружил на ручек, а разговарал и со Хајди.

Не е познато дали до средбата дошло поради некоја посебна прилика или, пак, таткото на Лени планира почесто да ја гледа својата ќерка.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време