Жена се пораѓала среде урнатини за време на земјотрес: Се борела како лавица, па починала – потресната глетка го расплака светот

Трагично

Морничава глетка од Сирија ја обиколи планетата и ја разнежни јавноста. Жена се породила во урнатини за време на земјотрес, па починала

По серијата силни земјотреси во Турција, настрадале повеќе илјади лица, додека повредени се 15.384 луѓе. Лошите вести не престануваат да се нижат, а драматични видеа се појавуваат на социјалните мрежи секој час.

Најморничавата глетка пристигнува од Сирија, а видеото претставува сликовит приказ на раѓање и умирање. Имено, додека силниот земјотрес го тресел Алеп, среде урнатините се пораѓала една храбра жена која донела на свет живо и здраво бебе.

Чинот на породување е тежок самиот по себе, додека во вакви услови е речиси и неизводлив. Откако лавовски донела бебе на свет, жената починала. Луѓето што биле присутни успеале да го евакуираат бебето и да го згрижат, а глетката го потресе светот.

Калиопи објави драматично видео од разорниот земјотрес во Турција и Сирија и напиша: „Молете се“! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време