Несекојдневното домашно породување ги изненадило мајката на четири деца и нејзиниот сопруг, кој влегол во бањата дури откако бебето веќе било родено.
Приказната на една мајка која доживеала ненадејно и брзо породување во својот дом предизвика огромен интерес во јавноста. Најнеобичниот детал во целата ситуација е тоа што нејзиниот сопруг цело време бил во соседната соба, без воопшто да претпостави каков несекојдневен настан се случува на само неколку метри од него.
Имено, 36-годишната жена, која веќе има четири деца, ги почувствувала првите породилни болки во раните утрински часови, поточно во 5:45 часот на 11 август 2024 година. Таа воопшто не очекувала дека породувањето ќе заврши за рекордно кратко време.
Додека во тоалетот го следела временскиот распоред меѓу контракциите, одлучила да почека околу 15 минути пред да го разбуди сопругот Тони. Сметала дека пред нив е долг и напорен ден, што е вообичаено при доаѓањето на бебето на свет, па сакала партнерот да собере што повеќе сила.
Се породила во бањата
Само неколку минути откако се разбудил, Тони истрчал на горниот кат од куќата за да ѝ каже на сопругата дека базенот за породување во домот е наполнет и подготвен.
Но, штом влегол во бањата, сфатил дека сè веќе завршило.
Немав време ни да го сфатам тоа, бев во шок. Сопругот дотрча горе кога кадата беше подготвена, влезе во бањата и виде дека ми пукнал воденикот. Малку му се заврте, ми рече дека сè е подготвено, а јас му одговорив: ‘Одлично, но види што имам јас’. Остана целосно шокиран“, се присетила таа.
На негово огромно изненадување, бебето Елиот, кое воедно е и нивна прва ќерка, веќе било родено. Девојчето тежело импресивни четири килограми.
Седев со неа, а тој ги доведе нашите момчиња за да ја запознаат. Чекавме бабицата да пристигне и да нè смести во кревет“, раскажала Теган.
Најтешката бременост
Мајката по име Теган признала дека ова за неа била најтешката бременост, бидејќи постојано се борела со силни мачнини, како и со интензивни физички болки како што се приближувал терминот за породување.
При крајот многу ме болеше. Имав чувство како бебето да е во непријатна положба. На почетокот имав силни утрински мачнини, какви што немав со моите момчиња.“

Не го знаевме полот на бебето сè додека се роди, па се шегував дека мора да е девојче, бидејќи моите момчиња никогаш не би ми приредиле вакво нешто“, рекла мајката.
Таа на крајот додала дека малата Елиот е прекрасно и здраво бебе, еднакво сакано како и нејзините четири постари браќа.
Фото: Printscreen