Уште едно ново светско достигнување во болница „Плодност“: Најновиот ултразвучен апарат Voluson S10 Expert 2018

Ултразвукот има важна улога не само во текот на бременоста туку и во текот на породувањето.

Може да се направи трансабдоминално, со што се одредуваат презентацијата на плодот и позицијата на ‘рбетниот столб, или трансперинеално – за да се одредат позицијата и спуштањето на главата на бебето. Ваков ултразвучен преглед во текот на раѓањето се прави кога има ненапредување или бавно напредување во прво и второ родилно време, со што прецизно се одредуваат спуштеноста и позицијата на главата и малпрезентација, за евентуално инструментално вагинално завршување на раѓањето или царски рез. Ултразвучните мерења (дефинирани според ISOUG-препораките), се внесуваат во 3Д-ултразвучниот софтвер SonoVCAD. Целта на овој софтвер е да обезбеди објективно мерење на напредувањето на феталната глава за време на раѓањето. Најновиот ултразвучен апарат Voluson S10 Expert 2018, кој го набави болница ‘Плодност’, го има овој софтвер како уште една алатка за зголемување на безбедноста и успешноста на породувањата на нашите пациентки“, вели директорот на болницата „Плодност“, прим. д-р Таше Трпчевски, спец. гинеколог-акушер и супспецијалист за инвитро-фертилизација.

ДЕСЕТ АПАРАТИ ЗА СОВРЕМЕНА ПРЕНАТАЛНА ДИЈАГНОСТИКА

Болницата „Плодност“ набави уште два електронски ЦТГ-апарати од најнов вид, наменети за следење на срцевата активност на плодот во мајката, со што бројката на овој вид апарати во болницата се искачи на десет. Набавен е и високософистициран 4Д-апарат Voluson S10 Expert 2018, кој е првпат испорачан како нов модел во Европа. Сите овие апарати се многу значајни во современата пренатална дијагностика во гинекологијата. Исто така, ЦТГ-апаратите се од особена важност за следење на состојбата во текот на породувањето, како и за следење за состојбата на плодот кај нормални бремености што го надминале терминот за породување. Тука е следењето и на високоризичните бремености, трудници со дијабетес, со хипертензија, застој во растот на бебето и слично.

ТИМ ШТО НА ПРВО МЕСТО ГИ ПОСТАВУВА ВИСОКИТЕ КРИТЕРИУМИ НА КВАЛИТЕТ

Тимот на болницата продолжува да се усовршува по најновите светски стандарди, по што се применуваат кај нашите пациентки“, заклучува д-р Трпчевски

 

РОДЕНО 500-ТО БЕБЕ ГОДИНАВА ВО БОЛНИЦАТА „ПЛОДНОСТ“

На радост на своите родители, во болницата „Плодност“ на свет дојде малата Антина. Но она што ја прави посебна е фактот што таа е 500-то бебе годинава родено во болницата „Плодност“. Антина донесе радост и кај сите вработени во болницата, почнувајќи од докторите што го работеа царскиот рез, медицинскиот персонал, педијатрите и сите други што се грижат за благосостојбата на малото новороденче и нејзината мајка. Нека се множат успесите и до крајот на годинава очекуваме уште многу нови членови на нашето големо семејство на бебиња родени во болницата „Плодност“.

ПЗУ „Болница Плодност“, ул. АСНОМ 9, 7000 Битола, тел.: + 389 4720 883, е-пошта: info@plodnost.com.mk, веб: www.plodnost.com.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.