Татко по трети пат: Том Харди добил син и го шокирал светот со името што му го дал

Далеку од очите на јавноста

Иако британските медиуми сè уште не добиле официјална потврда за приновата, како што се наведува, тоа се случило во потполна тајност за време на празниците

Според натписите на британските медиуми, 41-годишниот актер Том Харди по третпат станал татко далеку од очите на јавноста.

Холивудскиот убавец Том Харди и неговата 37-годишна сопруга Шарлот Рајли станале родители на син кого го крстиле Форест.

Како што тврдат изворите блиски на Том Харди и Шарлот Рајли, актерскиот пар е пресреќен поради доаѓањето на новиот член во семејството, нагласувајќи дека синот е слика и прилика на татко му.

https://www.instagram.com/p/BWf5iIjAhxL/?utm_source=ig_embed

Парот го одбрал името Форест во чест на ликот Форест Гамп, кој во истоимениот филм од 1994 година го играл актерот Том Хенкс.

„Том секогаш го сметал филмот ‘Форест Гамп’ за инспиративен и забавен, поради што не е чудно го одбрал името на овој култен лик за својот син“, изјавил анонимен извор.

Иако британските медиуми сè уште не добиле официјална потврда за доаѓањето на приновата, според нив, тоа се случило во потполна тајност за време на празниците.

https://www.instagram.com/p/BUJbKQNAo9N/?utm_source=ig_embed

Во 2014 година, Том Харди се оженил со својата долгогодишна девојка, актерката Шарлот Рајли, со која една година по свадбената церемонија го добил првото дете, а со поранешната девојка Рејчел Шпид има 10-годишен син Луис.

Пред  самото доаѓање на приновата, Том Харди бил принуден да се отсели од родниот Лондон со својата бремена сопруга, поради лудото однесување на една обожавателка.

Според странските медиуми, Харди и онака планирал градската врева да ја замени со помирната оаза на село, а однесувањето на неговата обожавателка само ги забрзало работите. Том го купил имотот кон крајот на минатата година и заедно со детето и бремената сопруга се преселил во предградие.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.