Сопругата на Алек Болдвин го изгубила детето: На прегледот не се слушнале отчукувања на срцето

Тажна вест

ФОТО: Profimedia

„Опкружена сум со многу љубов и многу сум среќна“

Иларија Болдвин на својот инстаграм-профил редовно ги известуваше своие следбеници за напредокот на нејзината петта бременост.

Сопругата на актерот Алек Болдвин, 35-годишната Иларија на социјалните мрежи објавила дека го изгубила бебето. Иако семејството насетувало дека би можело да се случи ова, тажната вест и’ ја соопштил докторот кога не пронашол пулс кај нероденото дете.

https://www.instagram.com/p/BwDYMCdjAUs/?utm_source=ig_embed

„Денес на прегледот немаше срцеви отчукувања, така што готово е… но имам неколку силни и прекрасни срцеви отчукувања токму овде. Опкружена сум со многу љубов и се чувствувам многу среќно. Ви благодарам на сите што ме сослушавте, поддржавте и ги споделивте вашите приказни. Заедно сме посилни… Се надевам дека разговорите за ова ќе продолжат и дека ќе се држиме заедно во убавите и тешките моменти во животот“, напишала Иларија под фотографијата со сопругот и четирите деца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.