Сите се собрале за да го дознаат полот на бебето, но сопругот одлучил да обелодени друга вистина: Ѝ приредил болно изненадување на сопругата!

Довел и адвокат!

Еден сопруг сакал на сите да им покаже дека жена му го изневерила и дека е бремена од друг маж

Ја собрале целата фамилија за да го дознаат полот на бебето, а потоа сопругот, во соработка со својот адвокат, приредил шокантно изненадување.

Мажот станал од столчето и започнал со својот говор. Во тој момент неговата сопруга била насмеана. Не се ни сомневала дека за неколку секунди пред сите ќе ја разоткрие нејзината прељуба.

Изневерениот маж зел фасцикла со медицински документи за да покаже кога неговата сопруга останала бремена, а потоа на лаптоп пуштил видео од неговата сопруга со друг маж.

Безбедносната камера ја фатила аферата, а камерата од овој настан ја уловила и реакцијата на нејзиниот татко, кој седи покрај неа.

На почетокот е среќен, но потоа тоне.

„Жал ми е за нејзиниот татко“, „Нејзиниот татко е на страната на зетот“, коментираат на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Big 〽️azzy ✝️ (@mazzydaking)


Мажот ја разоткрил прељубата со помош на адвокат кој го поддржал, а на социјалните мрежи пишуваат дека разводот веќе е во тек.

„Заборавете на полот на детето, ајде да го дознаеме идентитетот на таткото на тоа бебе“, пишуваат на Инстаграм, каде што некои ја критикуваат оваа постапка, истакнувајќи дека никако не требало да ја понижи сопругата, која била бремена.

 

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе