Ситно брои до породувањето: Џиџи Хадид во седмиот месец од бременоста изгледа вака (ФОТО)

Доста се сменила

Супермоделката Џиџи Хадид (25) и нејзиниот партнер музичарот Зејн Малик (27) го очекуваат првото дете, а ангелот на „Викторија сикрет“ конечно го покажа трудничкиот стомак и го откри полот на детето.

Имено, најбараната светска манекенка објави видеоснимка на која открива дека наскоро треба да добијат девојче.


Поради пандемијата со коронавирусот, идните родители се во изолација со семејството во Пенсилванија.

Сите заедно уживаат во зеленилото, со оглед на тоа дека во позадина на сликата се гледа преубава природа. Тие се наоѓаат надвор од градот за да ја заштитат Џиџи од излoженоста на вирусот.

Тоа што може да се забележи е дека манекенката доста се сменила во бременоста, се поправила, усните и градите ѝ се побујни, лицето ѝ е отечено.

Сепак, обожавателите коментираат дека е преубава трудница, која симболизира среќа, со оглед на тоа дека не ја симнува насмевката од лице.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.