Шокантно видео од породилиште: Новороденче му испаднало на докторот од раце (ВИДЕО)

Сосема неочекувано!

ФОТО: Shutterstock

Таткото случајно го забележал моментот што бил од големо значење за здравјето на ќерка му

За повеќето родители, денот на раѓањето на нивните деца буди исклучиво убави спомени. Сепак, понекогаш го одбележува и неверојатна количина на стрес и грижа за новороденчето. Токму тоа, за жал, го искусил и брачниот пар од Аризона, Дерик и Моник Роџерс.

Кога дознале дека нивните близначки Морган и Медисон мора да се родат пред терминот, единственото нешто што им било важно е девојчињата да бидат здрави и живи.

Дерик се досетил да ги сними нивните први минути живот, но не ни помислувал дека камерата ќе забележи и шокантен момент во кој едно од девојчињата му испаднало на докторот од раце.

На видеото, што подоцна загрижената мајка го објавила и на социјалните мрежи, се гледа моментот во кој девојчето паднало на пултот, а само брзите рефлекси на докторите го спречиле и падот на подот.

Како што потоа раскажал, Дерек во истиот момент прекинал со снимање и му кажал на докторот дека поради него девојчето паднало на глава, а тој на почеток се правел како ништо да не се случило. Откако уште една му покажал што се случило на видеото, докторот само се свртел и молкум си заминал.

Вистинскиот шок следел неколку дена по инцидентот, кога брачниот пар сосема случајно дознал дека ќерка им Морган страда од крвавење на мозокот.

Имено, откако ги одвеле девојчињата дома, забележале дека на Морган често и’ тече крв од носот и дека повремено се тресе. Ја одвеле на преглед кај друг педијатар, кој им открил дека тестирањата веќе биле направени во болницата, но без да знаат родителите, па тие не ни имале поим дека детето има мозочно крвавење.

Како што тврдат, доволно би им било да им се извинел некој, но тоа не се случило.

„Никој не ни се извини, ниту ни понуди да направи тестирања за да се увериме дека се’ е во ред. Сите тестирања биле направени зад наш грб“, изјавил Дерик во разговорот за магазинот „Пипл“.

За да ја подигне свеста за немарноста на болниците, Моник го објавила видеото на својот профил на Фејсбук, а тоа набрзо станало вирално. Дури откако видеото било споделено повеќе од 17 илјади пати, им се јавиле од болницата и им ветиле дека ќе го истражат целиот инцидент.

„Сигурноста на нашите пациенти и нивните семејства секогаш се нашата главна грижа. Многу сериозно го сфативме ова“, порачале од болницата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.