Серена Вилијамс го очекува второто дете: Ја објавила бременоста на посебен начин, и тоа на црвениот килим на Мет Гала!

Среќни вести

Серена Вилијамс на Мет Гала објавила дека е бремена по вторпат

Најважниот моден настан на годината, Мет Гала, ги собра ѕвездите на едно место, а меѓу нив била и пензионираната тенисерка Серена Вилијамс (41).

Славната спортистка го искористила токму овој престижен настан во Музејот за уметности Метрополитен во Њујорк за да открие дека го очекува второто дете со сопругот, милионерот Алексис Оханијан (40).

Блескала во црн фустан, чиј долен дел се ширел во раскошно бело здолниште од тил. Креацијата имала длабок, светкав околувратник, кој го истакнал нејзиното деколте, иако го покрила со повеќе ниски бисери.

Косата ја украсила со лента за глава со драги камења и ја зачешлала во елегантен рус боб. Нејзиниот сопруг Алексис носел едноставен, класичен црн смокинг со голема црна пеперушка.

Фустанот го открил трудничкиот стомак на Серена, а открила дека го очекува второто дете во разговорот со водителката Ла Ла Ентони.

Тенисерката ѝ кажала дека на интервјуто присутни се тројца луѓе – таа, нејзиниот сопруг и нивното бебе. Алексис и водителката се пошегувале дека по интервјуто ќе се напијат нешто во чест на Серена.

Бременоста ја споделила и со следбениците на Инстаграм.

„Бев многу возбудена кога Ана Винтур нè покани нас тројца на Мет Гала“, напишала таа под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)


Инаку, Серена добила ќерка Олимпија со милионерот Алексис во 2017 година, а претходно изјавила дека би сакала уште едно дете. Во август минатата година објавила дека се пензионира во интервју за „Вог“ и истакнала дека отсега приоритет ќе ѝ биде да биде мајка, но и модна дизајнерка, претприемачка и многу други работи.

Вилијамс на 40 години станала и една од најбогатите „пензионерки“ на светот и вредноста на нејзиниот имот се проценува на 260 милиони долари, со тоа што ќе заработи уште 11 милиони во претстојниот период, благодарение на многуте богати спонзорски договори.

Инаку, Серена го освои Australian Open 2017 додека беше во вториот месец од бременоста. Потоа, за малку ќе го изгубела животот на породување, но тоа не ја спречи успешно да се врати на тенискиот терен.

Спортистката ја ставила успешната кариера во втор план кога започнала врска со Алексис, коосновач Reddit. Двојката се запознала во мај 2015 година во хотел во Рим, кога тој седнал да појадува на масата покрај нејзината.

Ќерката на Серена Вилијамс мислела дека држи играчка за мачката: Поранешната тенисерка сподели видео, па ги насмеа сите! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.