Пристигна првото бебе родено во вода во Македонија

Болница „Плодност“, Битола

Болницата „Плодност“, следејќи ги светските трендови од областа на технологијата и едукацијата, целосно се подготви за примена и на овој вид алтернативно породување, преку стручната надградба на својот персонал и техничките можности и капацитети.

Синоќа во приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ во Битола, се роди првото бебе во вода, метод кој првпат се применува во која било болница во Македонија.

Мајката е од Битола, станува збор за прва бременост и вчеравечер, околу 23 часот, на свет донесе женско дете.

Мајката и бебето се во одлична состојба, а родилката е пресреќна што на овој начин и’ беше овозможено породувањето во болницата „Плодност“.

Ова е огромен успех за тимот на болницата „Плодност“, кој по многубројните обуки надвор од државата, имаше можност овој метод да ја примени првпат и во Македонија.

Породувањето за мајката и за новороденчето со овој метод носи голем број предности: топлината на водат го опушта телото, што за мајката значи намалување на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување.

Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и со форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и’ дава комфор на родилката и на акушерките за заемна работа.

Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот.

Болницата „Плодност“, следејќи ги светските трендови од областа на технологијата и едукацијата, целосно се подготви за примена и на овој вид алтернативно породување, преку стручната надградба на својот персонал и техничките можности и капацитети.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.