Премиера на новородената ќерка: Султанката Хурем ја покажа наследничката веднаш по породувањето (ФОТО)

Фотографија вредна илјада зборови

Фото: Getty Images

Турската актерка Мерјем Узерли (37), која се прослави како султанката Хурем во хит-серијата „Сулејман Величествениот“,  се породи на 8 јануари и го роди своето второ дете.

Таа неодамна се фотографираше за моден едиторијал и во таа пригода првпат го покажа трудничкиот стомак. Изгледаше божествено, а многумина останаа без здив кога ја видоа во вакво издание.

Актерката ја сподели среќната вест на Инстаграм, каде што објави и фотографија на која позира со новороденчето во раце, а емотивната слика ги разнежни сите.

Мерјем доби ќерка, а фотографијата од породилиштето покажува дека девојчето веќе има коса. Актерката истакна дека е пресреќна, а го откри и името на нејзината наследничка.

Вчера, 8 јануари, драга моја Лили … Лара, тато и јас сме среќни што си дел од нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи“, напиша убавата Мерјем, а честитки следуваа во коментарите.

 

Се чувствувам благословено што шест години по раѓањето на ќерка ми Лара имам вакво чудо“, изјави Мерјем неодамна,  станувајќи таинствена кога станува збор за таткото на бебето.

„Некои нешта би сакала да задржам за себе“, смешкајќи се искоментира таа, оставајќи ги обожавателите и понатаму да лицитираат со името на таткото на нејзиното бебе.

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.