Прекрасната водителка родила дури три деца со аутизам: По последното породување следел тотален шок!

Не можела ни да го сонува ова

Водителката и манекенка претходно објавила дека нејзините близнаци и најмладата ќерка имаат аутизам. А по нивната дијагноза, и за неа пристигнале застрашувачки вести

Водителката и манекенка Кристин Мекгинис е мајка на три деца кои имаат аутизам. Таа прозборила за тешкото детство и злоупотребување што го до доживеала во автобиографијата во која ексклузивно било објавено дека и самата таа има аутизам. Објаснила и како и’ била поставена дијагнозата на аутизам во возрасната доба.

Кристин е мажена за ТВ-водителот Педи Мекгинис и имаат седумгодишни близнаци Лео и Пенелопе, како и петгодишна ќерка Фелисити.

„Потврдена ми е дијагнозата аутизам. Беше чудно, но целиот мој живот забележував мали знаци дека нешто не е во ред. Моите проблеми со храната, моите тешкотии во друштвото, моите обиди да бидам комуникативна и фокусирана и мојата неодлучност. Начинот на кој пловам низ животот ме потсетува на однесувањето на моите ќерки. Послична сум на моите деца одошто некогаш би можела да си го замислам тоа“, напишала таа во книгата „Прекрасен кошмар“.

„Не сум изненадена. Дијагнозата ја добив во август. Педи и јас бевме поканети на Кембриџ да се сретнеме со најголемиот експерт, сер Сајмон Барон-Коен. И двете го пополновиме прашалникот кој се однесува на симптомите на аутизам“.


Опишала Кристин и додала:

„Невротипичните луѓе би добиле резултат до 15, а за да биде потврдено дека имате аутизам, треба да имате висок резултат. Скалата оди до 50, мојот резултат беше 36“, напишала водителката.

„Не сум само аутистична, туку сум и високо на спектарот, тоа го потврди сер Барон-Коен. Плачев како дожд кога излегов од ординацијата. Од олеснување, но и од тага за помладата јас. Поради омразата кон училиштето што го напуштив, поради недоразбирањата со учителите и другарите. Кога му кажав на сопругот дека сум аутистична, ми кажа само едно нешто. Дека со години се сомневал, но дека никогаш не му паднало на памет да ми каже. Но ги забележувал знаците. Дека сум поинаква. Дека ми треба толку време да одберам помеѓу две маици, што тој се фрустрира. Дека не сум излегувала, бидејќи ми е тешко да се справам со луѓето и со реалниот свет“, напишала таа.


„Јас сум најдобрата верзија од себе кога сум со моите деца. И тоа веројатно е поради нашиот аутизам. Ние четворица остануваме дома и некогаш, не ни разговараме“, напишала Кристин.


Бесплатен онлајн-тест за аутизам можете да направите ОВДЕ. Тестот е од информативен и општ карактер, за сите понатамошни информации морате да се обратите кај стручно лице.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.