Поранешната девојка на Леонардо Ди Каприо е бремена: Бар Рафаели по трети пат ќе стане мајка!

Бебе на пат!

Славниот модел не ја крие среќата

Бар Рафаели (34) е во бремена и по трети пат ќе се оствари во улогата на мајка. Топ моделот и нејзиниот сопруг, бизнисменот Ади Езра, веќе имаат две ќерки, 2-годишната Лив и 1-годишната Ел, а полот на третото дете на познатиот пар засега се’ уште не е познат.

Нивната најстара ќерка е родена во Тел Авив, а само една година подоцна Бар го родила и второто девојче.

Инаку, оваа убавица пред бракот со Езра била во врска со холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо.

Во едно интервју изјавила дека семејството и’ е се’ на светот и дека планира да има големо семејство.

Во видео што го снимил Аси Азар, водителот на овогодишниот Евросонг, манекенката не ја крие среќата што по трети пат ќе стане мајка.

https://www.instagram.com/p/By6-L0Yhjzu/?utm_source=ig_embed

Под видеото напишала:

„Упс, повторно го сторив тоа.“

На манекенката исто така оваа година и’ припадна честа да води Евросонг во Тел Авив.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.