По четирите деца и двата спонтани абортуси, Хиларија Болдвин објави дека повторно е бремена

Алек Болдвин го очекува шестото дете

Фото: Getty Images

Алек и Хиларија Болдвин го очекуваат своето петто дете, и тоа пет месеци по вториот спонтан абортус на сопругата на популарниот актер.

Триесет и шестгодишната Хиларија среќната вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Немам зборови да опишам како се чувствуваме сега. Добивме убави вести дека ова мало што го носам е добро и здраво“, напиша таа на Инстаграм.

Сопружниците веќе се родители на шест и полгодишна ќерка, како и на синови од четири и пол, три и пол и од две години. Алек Болдвин има и 24-годишна ќерка од бракот со актерката Ким Бесинџер.

Инаку, шпанската писателка доживеа два спонтани абортуси во период од седум месеци, но не се откажува од желбата да стане мајка петти пат.

 

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.