Папараци: Сека Алексиќ „уловена“ на аеродром: Опуштено издание на популарната трудница (ФОТО)

Еве како изгледа сега

На среќата на популарната пејачка Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ и’ нема крај откако дознаа дека вторпат ќе станат родители и дека нивниот син Јаков идната година ќе добие братче, за кое родителите веќе избраа име – Исак.

Иако никогаш не ја криеше бременоста и уште за време на самата постапка за вештачко оплодување отворено зборуваше за се’ низ што поминува, сепак, вистинска реткост е пејачката да се види во опуштено издание, без шминка, каков што е случајот на белградскиот аеродром, каде што беше „уловена“ со сопругот по враќањето од настап.

Во спортски патики, широк капут во беж-боја и тесен долг фустан во вино-боја беше модниот избор на бремената пејачка во оваа пригода.

Фото: ATA Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.