Жешките денови нека ви поминат колку е можно побезгрижно.
Во текот на летото и жешките денови, облеката и потребните реквизити не смеат да недостигаат – особено кога станува збор за трудниците.
Понекогаш се чувствуваме како да сакаме да ја „симнеме кожата од себе“ од топлина, па можеме само да замислиме колку е напорно за бремените жени. Во продолжение, ви ги претставуваме најважните совети што секоја трудница треба да ги има предвид, за летните денови да ѝ поминат што попријатно:
1. Крем за сончање
О, да – многу е важен! За време на бременоста, кожата станува уште почувствителна на сончевите зраци. Затоа, кога излегувате на сонце, задолжително нанесете крем за заштита. Најдобро е да користите крем со заштитен фактор 30, без оксибензон. Дури и кога не сте директно изложени на сонце, УВ-зраците можат да ја оштетат кожата.
2. Спреј против комарци
Секогаш имајте спреј против комарци и други инсекти во чантата. Заштитете се себеси и вашето бебе од потенцијални инфекции и непријатности. При секојдневно движење, користете послаб спреј, но доколку планирате престој покрај езеро или во шума – изберете појак.
3. Рачен вентилатор
Трудниците чувствуваат поголема топлина од другите луѓе, што може да предизвика нервоза и замор. За да го избегнете тоа, обезбедете си мал рачен вентилатор. Не се скапи и достапни се во продавниците. Можат да се закачат и на мобилниот телефон – и уживајте во разладувањето.
4. Шапка
Шапката е одличен начин за заштита од сонцето. Покрај тоа што ќе ве заштити, може да биде и интересен моден додаток. Изберете модел во светли, ведри бои – и стил и заштита во едно!
5. Шише со вода
Хидратацијата е клучна, особено во период кога телото се поти повеќе од вообичаено. Најдобро е да набавите квалитетно шише за вода (не пластично), кое секогаш ќе го носите со себе.
6. Ластиче за коса
Секогаш носете неколку ластичиња или шноли за коса во чантата. Не зафаќаат многу простор, а брзо можат да ви помогнат да се освежите. Коњско опавче или пунџа – изборот е ваш.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Brooke Balentine/Unsplash