Откриено е името на синот на принцезата Јуџин: Правнучето на кралицата Елизабета Втора добило значајно средно име!

Наследник во кралското семејство

Ќерката на војводата од Јорк, Ендру, и нејзиниот сопруг Џек, како горди родители го откриле името на својот наследник

Британската принцеза Јуџин, внука на кралицата Елизабета Втора, и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк, неодамна станале родители, а сега Бакингемската палата го открила името на бебето.

Принцезата Јуџин и Џек објавиле дека на синот му го дале името Август Филип Хавке Бруксбенк, а тоа било објавено на официјалниот твитер-профил на палатата заедно со фотографија од родителите и бебето.

Средното име на бебето е во чест на сопругот на кралицата, принцот Филип (99), кој моментално се наоѓа во болница поради мерки на претпазливост, бидејќи на почетокот од неделата се чувствувал лошо.

Парот е трогнат од убавите желби што многумина им ги упатиле по раѓањето на првото дете.

Бебето е деветтото правнуче на британската кралица.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.