„Ние четворицата сме во врска и не знаеме кој е татко на детето“: Живеат сите во иста куќа, а еве како го делат креветот!

Необично партнерство

Четворица луѓе во врска добиле заедничко дете. Постои само еден услов за да дознаат кој е татко на детето, но не сакаат

Искуството на оваа жена која живее во полигамија ги изненадило многумина, со оглед на тоа што судбината што ја снашла, успеала да ја сврти во своја корист и да заработи од тоа што нејзиниот сопруг довел уште една жена дома.

Ова семејство ја подигнало полигамијата на повисоко ниво. Имено, тие тврдат дека се исти како моногамно семејство, само што се четворица. Нивното семејство го сочинуваат двајца мажи и две жени, плус децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polyfamory (@polyfamory)

Ситуацијата е комплицирана сама по себе, а фактот што признале дека немаат поим кој е таткото на двете најмлади деца во нивното семејство, а и не планираат да дознаат, шокирал многумина.

Семејството живее во Либан и сите многу се сакаат. Нивните сексуални односи функционираат според следниов принцип: двајцата мажи секоја втора вечер си ги менуваат креветите, па така кога нивните жени забремениле во растојание од неколку месеци, не било возможно да се каже кој е биолошкиот татко на секое од децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polyfamory (@polyfamory)

И покрај фактот што можат да направат ДНК-анализа со која би ја решиле дилемата, тие нагласуваат дека тоа не им е важно, бидејќи сакаат да ги поделат родителските обврски.

Осумчленото семејство го сочинуваат Ализија и Тајлер Роџерс, кои имале две деца од седум и осум години пред да ја прошират врската со пријателите Шон и Тај Хартлес.

„Сакавме да направиме сè што можеме за да бидеме сигурни дека сите се чувствуваат како рамноправни родители. Во овој момент, генетиката не би сменила ништо“, рекла Тај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polyfamory (@polyfamory)


Заедничкиот живот го започнале во 2020 година, додека Тај и Ализија се породиле во 2021 година, и тоа во растојание од 7 месеца. Освен што не се знае кој е таткото на секое од децата, тие двете се сметаат за мајки и на двете деца.

Спијат сите заедно и еден на дене, но комуникацијата е клучна. Ако една двојка посака малку време насамо, го објавува тоа во групна конверзација. Во едно видео прикажале како се будат еден покрај друг во секоја можна комбинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polyfamory (@polyfamory)

И покрај тоа што наизменично имаат односи, жените немаат интерес за интимност една со друга, како ни мажите.

„Ако пред четири години некој ми кажеше дека ќе бидеме во полиаморна врска со четири деца, ќе му се изнасмеев во лице“, рекла Тај.

„Не знаев дека тоа ќе биде најдоброто нешто што некогаш ни се случило“, додала таа.

Таа исто така нагласила дека сега сите се помалку љубоморни за разлика од порано.

Љубовни дилеми: Дали моногамијата е за секого?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.