Добредојде Давид!
Актерката Емилија Мицевска и нејзиниот партнер, фотографот Деан Стојковски станаа родители на синот Давид!
„Срцето исполнето со љубов и благодарност! Фала ти мама Ема! ДОБРЕДОЈДЕ ДАВИД!“, напиша среќниот татко на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Актерката пред три недели на Инстаграм објави низа фотографии со своето трудничко стомаче и напиша „Те чекаме“, а на 28.6 и го пречекаа синот Давид, за кого во едно интервју изјави дека претставува љубов, верба и нов почеток.
Бројни нивни пријатели и блиски веднаш им честитаа на социјалните мрежи и ја споделија својата радост за убавите вести.