Меган Маркл се породила во тајност?

Се шушка!

ФОТО: Profimedia

Обожавателите со нетрпение ги очекуваат првите фотографии на официјалниот инстаграм-профил на војводата и војвотката од Сасекс

Бакингемската палата објавила дека војводата и војвотката од Сасекс ќе ги сочуваат деталите поврзани со раѓањето на нивното дете. Дури откако родителите сами ќе го прослават раѓањето на бебето, јавноста ќе чуе дали кралското семејство добило уште еден член.

Поради тоа, британските медиуми почнале да нагаѓаат дали детето веќе се родило, бидејќи породилното отсуство на Меган Маркл траело до 20 март.

„Војводата и војвотката од Сасекс се заблагодаруваат за прекрасните желби и честитки кои ги добија досега и се подготвуваат за раѓањето на своето дете. Војводата и војвотката донесоа приватна одлука дека самото раѓање ќе биде приватно. Јавноста ќе биде известена за раѓањето на детето откако тоа ќе биде прославено во потесниот круг на семејството“, напишале Меган и Хари, а многумина ги протолкувале овие зборови како знак дека бебето веќе се родило.

Помина еден месец откако Меган е на породилно отсуство, па според тоа, бебето веќе би требало да стигне.

Гласините ги потпалило и доаѓањето на пријателот на Меган, Даниел Мартин, во Лондон, со оглед на тоа што се смета дека токму тој ќе му биде кум на кралското бебе.

Обожавателите ја очекуваат објавата на фотографиите од бебето на официјалниот инстаграм-налог на војводата и војвотката од Сасекс. До денес, нивниот Инстаграм не е ажуриран веќе 3 дена!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.